Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Аргир Маринчев

Роден е во 187 година во Охрид. Основно образование и прогимназија завршил во родното место. Како учител во родниот град тој се оддал на револуционерна дејност, поради што бил во лоши односи со егзархискиот владика. Во текот на 1902 година се повлекол во илегала, а во 1903 година бил назначен за самостоен војвода.

Како делегат на Охридскиот реон, заедно со Лука Групчев, Христо Узунов, Тасе Христов и Дејан Димитров, учествувал на Смилевскиот конгрес од 2-7 мај 1903 година.

За време на Илинденското востание станал војвода на просторот меѓу Битола и Охрид и во борбите против турскиот аскер имал повеќе успеси. На 30 и 31 август, меѓу селата Речица, Куратица и Свиништа, кај месноста Рашанец, каде беа сместени околу 1700 души после опожарувањето на нивните села, со својата чета останал да се бори до последниот момент. Тој и неговите четници го задржувале непријателот се до претпоследните куршуми. Последните ги задржале за себе, извршувајќи саможртва. Погребан е на местото каде што загинал.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik